Оваа класа имплементира икона која се појавува во идентификацискиот дел на екранот (system tray).
Оваа контрола (
TrayIcon) типично реагира било на настанот
DblClick со кој се извршува преддефинирано дејство (на пример, се покажува минимизирана
форма) или на настан од
Menu со кое се покажува „искокливо“ („пуф“)
мени. Моите забелеки се дека создавањето на пуфмени „во лет“ носи проблеми и дека е најдобро прво да се состави
"посредно" мени на
формата и својството
Enabled на менито да се постави на
FALSE, исто како и неговото својство
Visible. Потоа лесно можеете да додавате и одземате ставки на менито, за да опциите на менито одговараат на моменталната состојба на апликацијата.
Исто така можете да го користите и својството
ToolTip на
иконата за да го покажете статусот на апликацијата кога такво поведение одговара на даден проект.
Скриено невдливо мени за вашето мени можете да направите на вашата главна форма со име
TrayMenu чиј
Идентификатор
е исто така
TrayMenu. На вашата икона доделувате
Идентификатор MyTrayIcon. Тоа значи дека сакате да направите контекстно мени за вашата
TrayIcon контрола. За овој пример,
TrayMenu и
MyTrayIcon треба да бидат на иста
форма.
Во формата која ги содржи
MyTrayIcon и
TrayMenu:
Public Sub MyTrayIcon_Menu()
TrayMenu.Popup()
End
Во овој момент, употребата на оваа контрола може да предизвика проблеми со стабилноста.
Кога пробав да ја користам контролата неколку пати ми падна KDE панел по неколку edit/run циклуси на
Gambas проект кој користи TrayIcon на почетната форма.
--
Brian Jack 2006.01.29 02:28 PST
Може ли да бидеш попрецизен што е проблемот со правњењто пуфмени?
--
Benoit Minisini 2006.01.29 22:59 CET
Ако користиш
форма како содржител и направиш пуфмени, треба многу да пазиш за да менито се создаде само еднаш, инаку ќе завршиш со неколку примероци на пуфменито. Бидејќи не знам како во овој момент може да се бришат објекти, подобро е да се направи перзистентно мени на фомра во
IDE Menu Editor а потоа да се повика од мени настанот на иконата.
--
Brian Jack 2006.02.02 09:49 PST