Home > def > transaction 
 en fr de es it nl pl pt pt_BR sq ca hu cs tr ar fa id vi ko ja ru zh zh_TW eo
Previous  Next  Edit  Rename  Undo  Refresh  Search  Administration  
Documentation
History
 
Трансакција
Трансакција е серија на промени во базата на податоци што или сите мораат да успеат или сите мораат да пропаднат. На пример: при префрлување пари од една на друга сметка, парите прво мораат да се одземат од првата сметка, па да се додадат на втората сметка или прво да се додадат на втората сметка, па да се одземат од првата сметка. Ако од некоја причина една од овие операции не успее, втората не смее да се изврши.

Трансакцијата се почнува со методот DB.Begin и е завршена било ако е комплетирана со методот DB.Commit, било ако е откажана со методотDB.Rollback.

Во MySQL, трансакциите можат да се извршат единствено со табели што се обезбедени за трансакции: BDB и InnoDB. Другите типови на MySQL табели (ISAM, MyISAM and HEAP) веднаш комитираат.

PostgreSQL не поддржува трансакции што се преклопуваат, така што важат само првиот повик на DB.Begin и последниот повик на DB.Commit или DB.Rollback.