Home > def > virtual 
 en fr de es it nl pl pt pt_BR sq ca hu cs tr ar fa id vi ko ja ru zh zh_TW eo
Previous  Next  Edit  Rename  Undo  Refresh  Search  Administration  
Documentation
History
 
Виртуелност
Виртуелна класа е класа што е подкомпонента на класа, но која не може да се инстанцира ниту референцира со променлива.

Компоненти пишувани во C/C++

Кај природните components, виртуелните класи се механизам дизајниран за да му овозможи на корисникот манипулација со привремени објекти, без да треба да ги креира. Тоа е МНОГУ побрзо!

Забележете дека името на виртуелната класа мора да почне со точка. На пример, името на виртуелната класа што ја користи својството ListView.Item е .ListViewItem.

Пример

Својството Item на Qt компонентата ListView Класа користи виртуелна класа за претставување на ListView.

Виртуелните класи интерптетерот ги третира како типови на податоци. Но, објектот што се користи во заднината е вистински објект што потекнува од реална, невиртуелна класа.

На пример, својството Item на ListView Класа го чува индексот на ставката со која сакате да работите во ListView објект и го дава овој ListView објект. ListView објектот тогаш станува објект од виртуелна класа во кој не можете да чувате вредности. Бидејќи објектот од виртуелната класа морате да го користите веднаш, со повикување метод или својство и зачуваниот индекс ќе се употреби веднаш.

Компоненти пишувани во Gambas

Кај компонентите пишувани во Gambas, виртуелните класи се класи чие име почнува со потцртичка.

Всушност, тие се вистински класи што се однесуваат исто како и обичните класи и не се побрзи во ниедна смисла.