Како се преведува Gambas проект
За да преведете проект на вашиот јазик, отворете го во ИРО и кликнете на
translate... во менито
Project.
 |
Ако ИРО се пожали на IDE msgmerge, проверете дали ви се инсталирани GNU gettext tools.
|
Потоа, одберете го јазикот на кој ќе преведувате од левата листа.
Ако преводот го нема на левата листа, кликнете го копчето
New и одберете нов превод.
 |
Ако треба да преведувате на јазик што не постои во дијалогот new translation, напишете ми и јас ќе го додадам.
|
Селектирајте непреведен стринг од табелата.
Потоа, внесете го преводот во полето за текст на дното на дијалогот.
 |
Можете да означите дека стрингот не смее да се преведува со внесување на единечен знак за минус наместо превод на стрингот.
|
Повторувајте ја постапката додека не го преведете целиот проект. Кога ќе завршите, притиснете го копчето
Close.
 |
Проектот можете да го преведувате на повеќе наврати.
|
Можете да си играте со иконите на алатникот.
Одлево надесно, овие икони ви овозможуваат:
- Да го избришете тековниот превод на стрингот.
- Да го одбележите стрингот за да не се преведува.
- Да го прекопирате преведениот во непреведениот стринг.
- Да го проверите тековниот превод, при што се гледа дали е зачуван секој карактер од симболите.
- Да го најдете наредниот непреведен стринг.
- Да го најдете претходниот непреведен стринг.
- Да барате даден текст во преведените, односно непреведените стрингови.
На дијалогот има и копчиња за други финкции:
Одлево надесно, овие копчиња ви овозможуваат:
- Да вметнете нов превод во левата листа на јазици.
- Повторно да го вчитате тековниот превот. Сите промени се губат.
- Да го избришете тековниот преводот.
- Да увезете и обедините датотека со превод во една.
- Да го извесете тековниот превод во датотека.
 |
Преводите автоматски се снимаат кога ќе го смените тековниот јазик или кога ќе го затворите дијалогот за преведување.
|
Резултатот на вашето преведување се зачувува во
*.po што се наоѓа во .lang директориумот на проектот. Името на оваа датотека зависи од јазикот. На пример, францускиот превод би се викал
fr.po.
 |
Секогаш кога ќе направите нова верзија на вашиот проект, непреведените стрингови можат да се сменат. Но, не се грижете, преведените стрингови се зачувуваат.
- Ако непреведениот стринг го снема, со него исчезнува и неговиот превод.
- Ако се додаде непреведен стринг, тој добива празен превод.
- Сите други непреведени стрингови ги задржуваат своите преводи.
|